прегорат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце - изгори, исуши (нивје, посеви).
Албански:
djeg, shkrumboj, thaj
Употреба:
Екологија
Примери:
Нивјето прегореа од силното сонце.
пресекнат
Вид збор: Глагол, свршен
За извор, вода, река - престане да тече.
Примери:
Пресекнал изворот од сушата.
пресушат
Вид збор: Глагол, свршен
За река, езеро, вода - стане сув, безводен.
Примери:
Изворот пресуши и немаше вода за наводнување.
За очи - изгуби влажност.
Примери:
Наеднаш солзите во очите пресушија.
Исуши повеќе од потребното.
Примери:
Најубавите дрва за горење се оние што не пресушиле.
(се пресуши) Стане сув.
Примери:
Потокот се пресушил.